11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Креираме национална долгорочна стратегија за развој на државата

Во претходната година ги поставивме основите за креирањето на првата долгорочна стратегија за развој на државата, националната развојна стратегија ќе биде токму таква визија за следните 20 години, порача вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на Годишната конференција „Година на нови можности“ во организација на Владата.

Во своето обраќање, Битиќи посочи дека Владата успеала да ја унапреди работата на развојната банка и да ја зголеми минималната плата, како основа за идни структурни економски политики.

„Постигнувањето на посакуваниот развој не е возможен без поддршка од финансиските институции. За таа цел оваа Влада ја докапитализираше Развојната Банка за таа да може да ја извршува својата функција, односно да биде финансиска поддршка за развој на стопанството.

Во развиените економии развојот се поддржува преку различни развојни фондови. Развојните проекти со поголем ризик се на товар на развојните државни банки бидејќи ризикот за нив може да го сноси државата, која целосно е концентрирана на поддршка на развојни проекти и иницијативи, наспроти начинот на функционирање на комерцијалните банки кои во основа се водат од максимизирање на својата профитабилност.

Ги преземеме сите чекори за оваа институција да послужи на растот и развојот на нашата економија, една од носечките е државанта гаранција која ја нудиме преку Развојната банка. Враќањето на вистинската функција на Развојната банка кое се случи во изминативе 5-6 години е само една од структурните измени кои ги овозможивме за поддршка за раст и развој.

Другата е минималната плата и јас денеска не сакам да зборувам за износот на минималната плата, мојата цел не е креирање на економија која се заснова на минимална плата. Но за мене е важно системскиот пристап и промената на методологијата за пресметка на минималната плата која оневозможува изигрување на системот. Односно гарантира системско покачување кое гарантира раст на стандардот на граѓаните“ порача на панел дискусијата вицепремиерот за економски прашања, Битиќи.

Спонзорирано: