Centar.mk
БИЗНИС

Николоски: Над 7 милиони евра се инвестираат за економски развој на Струмица

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, оствари работна посета на општина Струмица, каде со градоначалникот Петар Јанков, општинската администрација и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов, разговараа за развојните планови на општината и реализацијата на инфраструктурните проекти со поддршка од Владата.

На средбата беше истакнато дека Владата континуирано вложува во подобрување на патната и комуналната инфраструктура, со цел создавање подобри услови и поквалитетен живот на граѓаните.

Николоски на средбата потенцира дека само преку Министерството за транспорт во Струмица се реализираат проекти во вредност од над 7 милиони евра, што претставува значајна поддршка за локалниот економски и урбан развој на општината.

Во Струмица преку Министерството за транспорт се работи на изградба на атмосферски канализациски систем за населеното место Просениково, во вредност од 46,6 милиони денари.

На сребата беше истакнато дека се работи и на постапка за реализација на експресен пат од Радовиш преку Струмица и Ново Село до границата со Бугарија.

фото: Министерство за транспорт

Можеби ќе ве интересира

ОБЈАВЕНА НОВАТА КУРСНА ЛИСТА ЗА ПЕТОК – Познато е вредат еврото, доларот, фунтата и франкот

ДЕСК

Дурмиши во посета на „Киел Македонија“: Нови инвестиции, проширување на производството и можности за нови вработувања

ДЕСК

Божиновска меѓу светските лидери на COP31: Фокус на енергетската транзиција и иднината на македонскиот енергетски сектор

ДЕСК