Поддршката во производствениот сектор којшто изминатите пет години го имаме направено значително ја има променето целата структура на економијата, кажа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за време на годишната конференција „Година за нови можности“.
-Друг момент којшто го воведовме и полека ги дава резултатите, тоа е наспроти зборувањето за поддршка на компаниите и поддршка на стопанството, значително се зголемува процентот за поддршка во истражување и развој кај компаниите. Уште една системска работа којашто ја воспоставивме во политиките за развој и промената на економијата е сегментот на преку економски мерки и политики да влијаеме на рамномерниот регионален развој наспроти креирање на економски кои го продлабочуваат јазот во регионите дали може тоа да го сузбиеш и соодветно елиминираш или намалиш празнината меѓу регионите внатре во државата, кажа Битиќи.
Според него бројките сами укажуваат дека од година во година растат инвестициите однадвор, додавајќи дека тоа е еден макотрпен процес после целосната дисторзија и зголемувањето на разликите во регинот.
-Последниот елемент што сметам дека е вовед во преструтурирањето на економијата е начелото на поддршка т.е пристапот на привлекување на странски инвестиции. За жал, преку некој ден слушнав дали воопшто знаеме како се привлекуваат странски инвестиции. Јас ќе одговорам со еден прост одговор а тоа е дека да, многу добро знаеме како ќе се привлекуваат инвестиции затоа што бројките укажуваат. Минатата година, според централната банка имаме 560 милиони евра странски инвестиции и тоа што ме радува е тоа што за тоа користиме 0 средства на нашите граѓани за да го промовираме. Има една изрека на англиски, „најдобриот начин за да промовираш е да ги поттикнеш компаниите да инвестицираат е добриот збор од уста“. Тоа е тоа што го правиме, истакна Битиќи.