26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Левица и ВМРО-ДПМНЕ се натпреваруваат во популизам

Според премиерот Димитар Ковачевски на европскиот пат на земјата постои една опасност, а тоа е популизмот на Левица и нивниот лидер, но и тоа што ВМРО – ДПМНЕ заради, како што додаде, немањето став станува заложник на политиките на Левица. Тој во интервју за „360 степени“ кажа дека тие секој ден се натпреваруваат кој ќе има попопулистичка изјава.

-Од друга страна, не може да се зборува за било какво влијание на еден врз друг политички субјект кога се зборува за ДУИ и СДСМ или за претседателот на ДУИ и претседателот на СДСМ од причина што кога ќе ги погледнете нашите програми и нашата реторика, тука нема суштински разлики. И едната и другата партија беа и се ЗА членство во НАТО, најголемиот безбедносен сојуз во светот. Двете политички партии се за интеграција на државата во ЕУ и учествуваме со сите други коалициони партнери во носењето на одлуката за прифаќање на европскиот предлог, носењето на заклучоците во Собранието и секако спроведување на скриниг процес. Тука не постои влијание каде што има разлика, едниот да му влијае на другиот, рече Ковачевски.

Тој додаде дека секогаш постои можност и потреба да влезат политички субјекти во мнозинството заради окрупнување на блокот кој има визија и цел. Според него, тоа ќе значи зголемување на ефикасноста на работењето на Собранието со оглед на тоа што има голем број на реформски закони кои што се дел од пристапувањето на ЕУ.

-Скринингот тече, но откако веќе завршуваат кластерите со скринингот ќе се знае кои реформи ќе треба да се прават односно врз основа на извештаите на ЕУ , за 3 месеци ќе стигнат. Ќе се зголеми ефикасноста на самите институции. За да тоа се случи мора да се остварат одредени принципи кои ги застапуваат сите политички партии дел од Владата и нормално да се постигне договор на база на политичка агенда и на база на кадровска политика, истакна премиерот.