Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Ќе мора да ја консултираме Бугарија за акцискиот план за малцинствата

Бугарија нема посебни барања во текот на билатералниот скрининг, но Македонија како кандидат за членство ќе мора да ја консултира во текот на креирањето на акцискиот план за малцинства.

Ова го најави вицепремиерот за европски прашања и преговарач со ЕУ, Бојан Маричиќ.

„Бугарија нема истакнато никакво посебно барање во текот на билатералниот скриниг. А ние во текот на креирањето на акцикскиот план за малцинства тој секако ќе биде консултиран со државите-членки на Европската унија бидејќи ќе треба како комплет документи да отидат на усвојување во Советот на ЕУ“, рече Маричиќ.

Скринингот е во напредна фаза, а од следната недела ќе почнат билатералрни состаноци за три поглавја: право на трговски друштва, право на основање и слобода на давање на услуги и право на интелектуална сопственост кои се дел од кластерот внатрешен пазар.

„Оценките ќе ги добиеме во скрининг извештаите кои ќе ги изработи ЕУ и ќе бараме да ни ги достават до почетокот на пролетта бидејќи тоа ќе ни помогне во подготовка на клучните три документи за членство ЕУ: патоказот за владеење на правото, патоказот за реформа во јавната администравција и патоказ за функциониерање на демократски институции кои се услови за отворање на првиоот кластер. Дополнително во рамки на патоказот за владење на правото ќе треба да се направат и акциски планови за заштита на правата на малцинствата и заедниците со конкретни мерки за недискриминација, борба против говор на омраза и право на образование. Овие мерки не се ексклузивни само за нас – додаде Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК