Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски најави разрешување на директорот на Управата за извршување на санкции

Премиерот Димитар Ковачевски најави промена на директорот на Управата за извршување санкции, Марјан Спасовски.

„Јас не сум задоволен од работата на директорот на Управата за извршување санкции при министерството за правда и почнав процес на селекција на нов директор на управата за извршување на санкции“, кажа Ковачевски.

Следната седница на Владата е закажана за утре. Но точката за разрешување на директорот Спасовски нема да биде ставена на дневен ред се додека не се најде нов кадар.

„Утре нема да се најде на владина седница, ќе се најде на една од наредните седници бидејќи процесот на селекција е отпочнат. Во Идризово има нов директор од пред неколку месеци и промената беше направена на претходниот врз основа на консултации што ги имав со меѓународни институции во делот на управувањето на затворски систем и на финансиски интитуции кои финансираат унапредување на затворскиот систем на државата. Врз основа на тие консултации направивме промена на директорот на затворот во Идризово. Сега врз основа на неколкуте пропусти кои што се направени ќе имаме нов директор на Управата на извршување на санкции“, додаде Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Драматично утро кај Требеништа: сообраќајка со три возила, повредени и апсење

ДЕСК

Скопје под полициска опсада: приведени 12 лица, најмладата е 18 годишна скопјанка

ДЕСК

Пронајдени над 9.000 парчиња пиротехнички средства во Гостивар, лишено од слобода едно лице

ДЕСК