14.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Храна која предизвикува сè повеќе брчки и предвремено стареење

Она што го јадете и пиете многу влијае на вашата кожа – во позитивна или негативна смисла. Брчките, сувоста, недостатокот на еластичност и дамки се природна последица на стареењето, а грижата за вашата кожа „од внатре“ може да ви помогне да го успорите биолошкиот часовник.

Ова се најчестите причини за предвремено стареење.

Шеќер

Големи количини шеќер може да предизвикаат непожелен хемиски процес во телото.

Кога јадете повеќе шеќер отколку што можат да обработат вашите клетки, вишокот се врзува за протеините во процес наречен гликозилација.

Производите за гликозилација може да доведат до оштетување на колагенот – протеинот кој и дава на вашата кожа младешки изглед.

Големото количество на слатки негативно влијае на вашите заби и насмевка бидејќи шеќерот се лепи за забите и привлекува бактерии и предизвикува расипување.

Солена храна

Ако внимавате на количината на сол во подготовката на храната, тоа не гарантира дека внесот на сол е автоматски низок.

Обрнете внимание на храната која е посолена отколку што мислите или посолена отколку што можете да вкусите.

Американскиот центар за контрола на болести издвои неколку намирници како „продавници за сол“.

Печивата може да содржи до 230 mg кујнска сол.

Едно парче пица содржи до 760 mg, а чинија супа од тестенини исечкана на коцки до 940 mg сол.

Месните производи, вклучително и филета и пилешки медалјони, исто така се натоварени со сол.

Сендвичите со филета, сирење и сосови се вистински солени бомби и содржат дури 1.500 мг сол!

Храната која е богата со сол предизвикува задржување на течности во телото и надуеност.

Кафе

Најчестиот стимулативен пијалок е штетен за вашата кожа и заби поради високото ниво на киселост.

Киселите пијалоци можат да создадат микроскопски пори на површината на емајлот и да доведат до нејзина ерозија.

Пожелно е да се пие чаша вода со кафе или после тоа, бидејќи водата има неутрална pH вредност, па ја измива киселината.

Гума за џвакање, исто така, може да ја намали ерозијата на глеѓта и потемнувањето на забите со стимулирање на производството на плунка која ги ревитализира забите и помага во заштитата на глеѓта.

Алкохолни пијалоци

Останете подалеку од алкохол бидејќи му штети на вашето целокупно здравје.

Тој е особено штетен за црниот дроб, а индиректно ја уништува кожата.

Една од важните функции на црниот дроб е да ги исфрли токсините кои можат негативно да влијаат на здравјето и предвременото стареење.

Ако функцијата на црниот дроб е ослабена, токсините се акумулираат во телото и вашата кожа може да развие голем број проблеми како што се акни и брчки.

Покрај тоа што алкохолот го оштетува црниот дроб, белото вино има изненадувачки лош ефект врз забите.

Киселината содржана во него ја оштетува глеѓта и ги прави вашите заби посклони кон долготрајни дамки.

Освен тоа, алкохолот дехидрира и штетно делува на сонот, што е поврзано со забрзано стареење.

Неквалитетниот сон е поврзан со брчки, нерамномерна пигментација и намалена еластичност на кожата.

Спонзорирано: