Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Зеленски до Османи: Потребно е поголемо внимание од ОБСЕ на кршењето на човековите права во привремено окупираните области

Денес, поддршката од мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа е многу важна за Украина, напишна Фејсбук претседателот на Украини, Владимир Зеленски по средбата со Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи.

Зеленски вели дека на средбата со Бујар Османи, разговарале за потребата од поголемо вниманието на ОБСЕ за кршењето на човековите права на привремено окупираните територии на Украина, велејќи дека тоа е многу важно за Украина.

Зеленски на Османи му се заблагодараил и за поддршката на Северна Македонија за Украина која нашата држава ја обезбедува од почетокот на руската агресија.

„Благодарен сум на Владата и народот на Северна Македонија за хуманитарната и одбранбената поддршка на Украина од самиот почеток на целосната руска инвазија“ – завршува Зеленски.

Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи денес оствари низа средби со украинскиот државен врв а ги посети и погодените области во регионот на Буча.

Можеби ќе ве интересира

42-годишник пријавил напад кај Скудриње по претходна расправија

ДЕСК

Полицијата на нозе: Исчезна 14-годишно девојче – мајката пријавила во МВР

ДЕСК

Манасиевски: Промените во Македонија започнаа со заминувањето на Заев, продолжија со Ковачевски и ќе завршат со заминување на Филипче

ДЕСК