24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ: РЕК Битола работи со полна пареа, нема поскапување на струјата, нема рестрикции

„Економско енергетските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултати, обезбедена е ценовната стабилност кај електричната енергија, сигурна и стабилна испорака на струја до сите во државата. РЕК Битола работи со полн капацитет, со сите три блока. Ова е голем и значаен придонес во зголемувањето на домашното производство на електрична енергија. Првпат во 70 години, сите енергетски капацитети во државата, трите блока на РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, електраните на гас во Скопје, како и сите агрегати на хидроелектраните во државна сопственост, се во функција и работат“ се наведува во соопштението од владејачката СДСМ.

Од партијата посочуваат дека „електрична енергија во државата ќе има, без рестрикции, во една од најпредизвикувачките зими за светот. Цената на електричната енергија не се зголемува“.

„ЕСМ обезбедува струја за 100 проценти од домаќинствата во нашата држава, како и евтина електрична енергија за училиштата, прехранбената и месната индустрија, јавните комунални претпријатија, болниците. Намалена е и цената на струјата за 20 проценти, за околу 70.000 мали компании, коишто се на регулираниот пазар што значи дека македонската економија ќе биде заштитена. Граѓаните може да бидат спокојни – 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија“ се вели во партиското соопштение.