3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кучињата скитници голем проблем за безбедноста на граѓаните, а градските власти не прават ништо – За само 13 дена искасани 34 граѓани на Скопје

И додека светските метрополи се борат со горливиот проблем кучињата скитници преку создавање на модерни стационари и нивно сто-процентно згрижување, кај нас стационари по градовите речиси и да нема, а таму каде што има, како на пример во Скопје условите се навистина ужасни. Градските власти како да не прават ништо во однос на решавање на големиот проблем со кучињата скитници.

Ништо не е подобро ниту во внатрешноста на земјава, каде ситуацијата е исто така катастрофална и граѓаните се жалат на секојдневно присуство на кучиња скитници или пак на фрлање на отрови со цел на нивно труење.

Во западните земји кучињата скитници добиваат одличен третман од локалните стациоцари, а по нивно целосно прочистување од глисти вакцинирање и кастрација, истите се вдомуваат како миленичиња.

Годинава како што започна ќе биде рекордна по број на каснувања на граѓани од кучиња скитници на територијата на град Скопје.

За само 13 дена се регистрирани дури 34 случаи на каснувања од кучиња скитници на територијата на град Скопје, а секојдневно добиваме извештаи за каснувања од кучиња скитници и низ целата земја, особено во градовите каде нема посебни стационари.

Бројот на каснувања од кучиња скитници расте, според пријавите до властите,

во 2017 биле искасани 122 граѓани, во 2018 имало 404 случаи, во 2019 -618 случаи, а во 2020 – 647 случаи.

Бројката нагло пораснала и во 2021 и 2022 кога се регистрирани 657 односно 689 случаи на каснувања.

Граѓаните реагираат дека локалните власти треба да се погрижат за кучињата скитници на хуман начин, со тоа што ќе има стационари и посебни служби за нивно заловување и одлгедување се до нивно вдомување по примерот на западните земји.

СДСМ: Неспособноста на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е причината за проблемот со кучињата скитници

– Неспособноста и незаинтересираноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се главните причини за проблемот со кучињата скитници кој ескалира во последниве месеци. Градската власт предводена од СДСМ за првпат формираше јавно претпријатие за хуман третман на бездомните животни, а кадрите од ВМРО-ДПМНЕ и Левица денеска не можат ниту соодветно да го менаџираат.

За градската и за локалната власт предводени од ВМРО-ДПМНЕ важни се само личните интереси, теглите со мед и провизиите од тендерите, потребите на граѓаните им се на последно место. Затоа граѓаните се оставени сами на себе и за справување со кучињата скитници и за снаоѓање со јавниот превоз и за справувањето со енормното загадување. Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособната власт досега, се вели во соопштението на СДСМ.

Спонзорирано: