Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Богоев: Судиите треба да почне да одговарат за да се зголеми довербата во судството

„Во оваа држава, како што има санкции за политичари и функционери, како што имаме случаи каде и обвинители се соочуваат со закон, конечно треба и судиите да се соочат со закон. Не може единствена санкција за пристрасно постапување на судии да биде Судскиот совет и разрешување“ изјави потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во „Утрински печат“.

Тој додаде дека не му е јасно како има судии и претседатели на судови кои не ги загрижува екстремно нискиот степен на доверба во судството.

„Има случаи во кои за еклатантно прекршување на законските процедури, приказната се завршува со ‘не е повеќе судија“. Ако некој претходно можеби земал мито од стотици илјади евра, вие го санкционирате да не биде повеќе судија. Со парите ќе оди и ќе биде адвокат“ рече Богоев.

Потпретседателот на СДСМ кажа дека конечно треба и судии да се соочат со закон и да одговараат за нивното постапување или непостапување.

Можеби ќе ве интересира

„Над 50% од ваучерите за инвертер клими се веќе подигнати“, информира Министерството за енергетика

C +

Полицијата му упадна дома – претреси и апсење во Скопје

ДЕСК

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица е затворен за сообраќај, каква е состојбата на патиштата низ Македонија

ДЕСК