13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Османи до земјите членки на ОБСЕ: Нашата меѓусебна доверба е поткопана, но постои надеж за подобра иднина на организацијата

„Вчера помина. Утрето сѐ уште не е дојдено. Имаме само денес. Да почнеме.” Со зборовите на Гонџа Бојаџиу, Мајка Тереза, шефот на дипломатијата и претседавач со ОБСЕ Бујар Османи, ја потенцираше важноста на делувањето на Организацијата која од своето постоење помогала за обновување на мирот и безбедноста. Османи во своето обраќање потенцираше дека спречување на конфликти, промовирање на човековата безбедност и заштита на човековите права се основните вредности на ОБСЕ. Тој денеска во Виена пред Постојаниот совет на ОБСЕ ја презентираше програмата на претседавањето на Северна Македонија и меѓу другото ја нагласи важноста за обединување и меѓусебна поддршка внатре во Организацијата.

„Нашата меѓусебна доверба е длабоко поткопана. Сепак, уверен сум дека нашите надежи за подобра иднина за нашата Организација, земјите кои ги претставуваме и луѓето на кои им служиме, остануваат високи. Се работи за нив, се работи за луѓето. ОБСЕ треба да даде резултати во тешки времиња“, истакна министерот.

Османи во својство на претседавач со ОБСЕ укажа на неопходноста од е обезбедување дополнителна поддршка на Организацијата за да одговори на својата задача, како што е усвојувањето на единствениот буџет на организацијата што поскоро, додавајќи дека начелата и заложбите не треба да останат само флоскули.

„Во пресрет на 50-годишнината од усвојувањето на Хелсиншкиот документ, историјата ќе нѐ памети по делата, а не по нашите ветувања, размислувања и изјави. Мора да ги преточиме зборовите во дела, доколку сакаме да ја обезбедиме функционалноста на ОБСЕ“, потенцираше Османи.

Спонзорирано: