27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Се очекува нов бран на намалување на преханбените производи – Годината за субвенционираните компании им почна со драстично намалување на цената на струјата, нафтата и гасот

Компаниите особено во прехранбената индустрија оваа година ја започнаа со далеку поевтини трошоци во однос на струјата, гасот, но и бензините.

Како дел од антикризните мерки на владата, над 230 компани кои произведуваат основни прехранбени продукти од минатиот месец плаќаат субвенционирана струја, по двојно пониска цена, што треба да предизвика и пад на цените на основните прехранбени продукти во земјава.

Со тоа што овие компании плаќаат двојно поевтина цена на струја од пазарната, треба и мора значително да поевтинат лебот, маслото, млечните производи, како и месото. Особено сега кога нафтените деривати се движат за дури 30 отсто помалку отколку во екот на кризата.

Стигнаа првите сметки за струја, тие се значително поевтини
Првите сметки за струја за декември минатата им стигнаа на нивните адреси и тие се охрабрувачки, но зошто некои брендови и натаму профитираат на грбот на обичниот граѓанин?

Согласно владината одлука компаниите кои вршат производство на основни прехранбени производи како леб, пекарски производи, брашно, масло, млечни производи, месна индустрија добиваат субвенционирана струја по цена од 80 евра за мегават час, што е далеку пониска од берзанската која имаше периоди кога беше и седум до осум пати повисока.

Завршните сметки ќе покажат дали некој воено профитирал?
Завршните сметки кои ќе ги поднесат компаниите до 28 февруари ќе покажат дали ланските поскапувања беа реални или пак се работеше за чисто воено профитерство.

Според познавачите некои од компаниите направиле реално зголемување, но загрижува и тоа што сериозен е процентот на компании кои ги поскапеле продуктите без никаква логика и го искористиле бранот на инфлацијата и поскапувања кои ја тресеа земјава и Светот од почетокот на војната во Украина.

извор: Vestiplus.mk