Изјава за медиуми на СДСМ, Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје:
Скопје денеска е заглавен град, како што државата беше заглавена 11 години од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Хаосот што му се случува на Град Скопје е единствено поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и бизнис интересите на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски.
Како и во кое својство шпицниот градоначалник Мицкоски знае детали од договорот на Град Скопје со приватните превозници?
Тоа е уште една потврда дека токму Мицкоски стои зад денешните блокади на главниот град.
Наместо да се крие зад партиски соопштенија, Мицкоски денеска треба да излезе и да ги повика своите советници да преземат мерки за надминување на блокадите.
ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во Советот има свои директори, има мнозинство во Управниот одбор на ЈСП и има механизми да презема мерки.
Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ да почнат да си ја работат работата за која се платени од парите на граѓаните.
Со тоа што стојат настрана и не преземаат ништо, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ само покажуваат дека тие се поттикнувачи на блокадите што денеска го парализираа градот, а скопјани ги оставија без превоз и заглавени во сообраќајот.
Мицкоски, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се причината што Скопје денес е заглавен, блокиран град кој уназадува, во кој нема нови проекти, а не функционираат ниту основните услуги.
По Скопје 2014 ВМРО-ДПМНЕ му носи нова катастрофа на градот, а штетата од тоа ја трпат граѓаните и жителите на Скопје.