9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Следната година повисоки плати и пензии

Буџетот е направен за ублажување на последиците и од економската и од енергетската криза и последиците од постковид кризата и да биде документ којшто претставува основа за економско заздравување со тенденција за зголемување на економскиот раст, истакна пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска, во емисијата „24 Отворено“ на телевизија 24.

Георгиевска нагласи дека буџетот, како и буџетите на многу други држави, претрпе структурни промени, што значи дека огромни средства кои се планирани во буџетите треба да бидат насочени кон таргетирани мерки, кои значат директна поддршка на граѓаните особено на групата со ниски приходи, што повлекува поинаква расходна страна.

Во буџетот се намалени непродуктивните трошења, а средствата ќе бидат наменети кон антикризни мерки, кои се предвидуваат и во наредниот период, меѓутоа и кон корекција на сите планови во буџетот околу зголемување на платите, зголемување на пензиите и за процентот на капиталните инвестиции, кои во овој буџет се на едно многу повисоко ниво, нагласи Георгиевска.

Пратеничката Георгиевска најави дека во буџетот се предвидени средства за зголемување на минималната плата на околу 20.000 денари во март, усогласување на другите плати, како и за планираното зголемување на пензиите во март од околу 6 отсто.

Зголемување на минималната плата во март ќе добијат 10 до 15 илјади граѓани, а уште 25 илјади ќе имаат зголемување на платите со усогласување, за зголемување на пензиите е планирана сериозна сума од 1,2 милиони евра за зголемување на пензиите, односно за 120 милиони евра повеќе од оваа година, нагласи Георгиевска, додавајќи дека со ова се очекува да се амортизира инфлацијата, за која во втората половина на наредната година се очекува стабилизирање и постепено намалување.

Пратеничката на СДСМ Марија Георгиевска истакна дека наредните седум дена се очекува контруктивна дебата во собранието, каде од утре почнува амандманска расправа за буџетот со поднесени 260 амандмани, од кои околу 200 од опозицијата.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Британското разузнавање: Кина ги мами нашите поранешни пилоти во својата армија, нуди големи пари

M T

Колева: Платите на наставниците за пет години ги зголемивме за 36 отсто

M T

СДСМ: Платите во образованието ги зголемивме за 36%

M T

ОВОЈ ЗНАК ЌЕ СЕ ЗБОГАТИ ВО ОКТОМВРИ: Го чека голем прилив на ПАРИ

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T

Кичевски: Тендери, пари и бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се причина за кавгите во Скопје

M T