Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Средба Петровска – Филипиду: Северна Македонија и Грција изградија интензивна сојузничка соработка во одбраната

Денеска во Министерството зa одбрана, министерката Славјанка Петровска одржа средба со новата амбасадорка на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду.

На средбата беше потенцирана сеопфатноста на одбранбената соработка меѓу двете земји, која особено доби на интензитет по потпишувањето Договорот за соработка во 2019 година.

Одбранбената соработка меѓу Северна Македонија и Грција ја отсликува нашата заедничка, сојузничка определба за мирен, безбеден и стабилен регион и безбедна евроатлантска област, беше речено на средбата.

Министерката Петровска ја потенцираше важноста на единството на сојузниците во осудата на руската агресија врз Украина и нивната одлучност во гаранцијата на безбедноста на земјите членки.

Амбасадорката Филипиду порача дека Грција е посветена на развојот на одбранбената соработка со Северна Македонија и потенцираше дека тоа е една од областите со највисок интензитет во севкупната билатерална соработка меѓу двете земји.

На средбата беше изразено задоволство од високиот степен на реализација на овогодинешниот План за билатерална соработка кој содржи 42 активности, средби на највисоко ниво, обуки за специјалните сили, обука за НАТО стандардизација, заеднички обуки на полигонот „Криволак“, курсеви во образовните центри во двете земји и јазична обука.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК