Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Министерот Спасовски во работна посета на МВР на Република Австрија

Вчера и денес (22-23.11.2022) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предводи делегација од Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија на работен престој во Виена, Република Австрија.

Денеска (23.11.2022), министерот Спасовски ќе го посети австриското Министерство за внатрешни работи, при што ќе оствари билатерална средба со австрискиот колега Герхард Карнер, по која следи заедничка изјава за австриските медиуми.

Во текот на истиот денот, министерот Спасовски во МВР на Република Австрија ќе одржи предавање на тема: “Миграциски токови и значењето на потпишаниот договор со ФРОНТЕКС за безбедноста на европските граници.

Истиот ден вечерта, во македонската Амбасада во Виена, министерот Спасовски ќе се сретне со претставници на дијаспората и со вработени во Амбасадата, во рамки на веќе воспоставената практика на средби со наши исселеници во странство, а под мотото „Го слушаме гласот на сите, секој еден е важен!”

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЦИ И ДОЖД ОВОЈ ВИКЕНД, А ОД ВТОРНИК И ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Пукање во Скопје: 15 годишник нападнат од двајца малолетници, едниот извадил пиштол – репетирал и пукал

ДЕСК

Хорор во Скопје: Три малолетнички нападнати, тепани и снимани со мобилен телефон од четири женски лица

ДЕСК