3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОИЗБОР

Еднодневен Саем на креативни индустрии во Битола

Денеска во Офицерски дом Битола ќе се одржи Саем на креативни индустрии, под покровителство на Министерството за култура на РСМ.

На саемот ќе се претстават 20-тина изложувачи кои се дел од креативниот сектор од Битола и пошироко. Посетителите ќе имаат шанса да видат и доживеат аугментирана реалност, рачно цртани парчиња облека, копаничарство, уникатни парчиња накит, издаваштво, сликарство, еколошки производи, детски играчки, роботика, дигитален маркетинг, лампи од реупотребени материјали, улична уметност и илустрации, слоу фуд или „нова гастрономија“ посветена на традиционалната храна, локалните ресурси и новите технологии, слоу фешн итн.

Саемот се одржува под мотото „Креативноста е заразна. Дојди зарази се“.
Работното време е од 11 до 19 часот.

Станува збор за втор настан во рамките на месец ноември во кој се слави креативноста и креативните индустрии во организација на здружението Балкан синема ситис. Првиот Саем за креативни индустрии беше одржан на почетокот на месецов во Скопје и истиот обедини повеќе од 40 изложувачи.

Соединувањето на цела инфраструктура сочинета од дизајнери, уметници и водечки организации е иницијатива која има за цел да го подигне профилот на креативниот сектор, да ги поврзе организациите кои имаат заеднички интерес во креативните индустрии и да ги обедини сите креативци без оглед од кој сегмент на креативните индустрии доаѓаат.

Спонзорирано: