22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Падна одлука: Големо намалување на цените на горивата – РКЕ излезе со соопштение

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,82 % во однос на одлуката од 18.11.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,907%, кај дизелот за 2,173%, кај екстра лесното за 2,145% и кај мазутот намалувањето е за 3,096%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,73%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,438 ден/кг и сега ќе изнесува 44,524 ден/кг. Од 22.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) Мазут М-1 НС
88,50 (денари/литар) 90,50 (денари/литар)
90,00 (денари/литар) 85,50 (денари/литар) 44,524 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.11.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.