Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

22-годишник од Дреново силувал пензионерка, судот му определи куќен притвор

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен жител на Дреново, осомничен за силување.

На 18 ноември, со употреба на сила, осомничениот се обидел да присили на обљуба 72-годишна жена. Тој влегол во нејзиниот дом, покривајќи го лицето со маица, по што се обидел да ја изврши обљубата.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на судијата на претходна постапка да определи мерка притвор за осомниченото лице. Но, судот, ценејќи ги сите околности, не го прифати предлогот и за осомничениот определи мерка куќен притвор за време на која тој не смее да го напушта домот и да комуницира со оштетената.​

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ЛЕДЕН ДЕКЕМВРИ – Температурите ќе паднат до -16 степени, се очекуваат магла и дневен мраз

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО ЛИЦАТА ШТО ГО СИМНАЛЕ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ – Политички реакции по настанот во Гостивар

ДЕСК

ВОЗАЧИТЕ ДА БИДАТ ВНИМАТЕЛНИ – Кашест снег и влажни коловози на патиштата низ Македонија

ДЕСК