Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Германската економија на тест: Од јануари цената на енергијата ќе се зголеми за 54 отсто

Имено, многу домаќинства во Германија ќе претрпат нов удар во јануари во вид на зголемени сметки за енергија, бидејќи добавувачите на електрична енергија и гас се соочуваат со повисоки пазарни цени на големо и зголемени мрежни трошоци.

– Нивото на цените на енергијата е историски високо и ја намалува куповната моќ на домаќинствата – изјави Торстен Шторк, експерт за енергија од порталот Verivox.

Порталот, инаку, следел 800 добавувачи на електрична енергија и 700 снабдувачи со гас и открил дека 137 регионални енергетски оператори се подготвуваат да ги зголемат цените во просек за околу 61%, додека 167 германски снабдувачи со гас планираат да ги зголемат цените за околу 54%.

Ваквиот драматичен пораст на цените во Германија следи по зависноста од рускиот гас и пониското нуклеарно производство во Франција, која се бори да ги рестартира сите свои реактори пред зимата.

Експертите велат дека енергетската инфлација најверојатно ќе продолжи и покрај пакетот итни мерки на владата. Имено, германските власти интензивно подготвуваат план народот и стопанството да дојдат до готовина во случај на прекини на струја.

Сепак, и покрај кризата, Германците неодамна одлучија да воведат „историски голем“ детски додаток.

Можеби ќе ве интересира

Фриленсерите сè погласно бараат пристап до финансиски инструменти, Diners Club Macedonia ги препознава нивните потреби

ДЕСК

Истражувањето на ЕБОР прикажува родова нееднаквост во пристап до климатското финансирање и препорачува мерки за овозможување на зеленото финансирање подостапно за жените

ДЕСК

Стопанската комора на Северна Македонија го изработи првиот водич за декарбонизација за малите бизниси во земјата со поддршка од ЕИБ Глобално

ДЕСК