Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Ковачевски: Ако Апасиев и Мицкоски дојдат на власт повторно ќе сме блокирани, гладни, изолирани и сиромашни

„ Ако пироманот Апасиев и неговиот заложник Мицковски дојдат на власт повторно ќе бидеме блокирани од ЕУ како во времето на Груевски, а економијата ќе ни крахира. Нивниот план е пеколен. Секој од вас ќе стане наутро со лажно чувство на гордост, но гладни, изолирани и сиромашни, заглавени во минатото“ рече премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Кичево.

Тој додаде дека на дело се гледа обезличувањето на ВМРО-ДПМНЕ со признанието на Мицкоски како се гордее дека неговата партиај е континуитет на Ванчо Михајлов.

„Не му се проблем на Мицкоски контроверзните историски ликови кои биле на погрешната страна на историјата. Мицковски веќе не го бара она што е добро за државата, туку бара како да не заостане зад Апасиев“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека нема да дозволи земјата што ја сакаме да тргне по тој пат, бидејќи на Северна Македонија не ѝ требаат опасни пиромани, туку нова економска визија.

„Веќе го трансформираме нашиот енергетски пазар и го користиме нашето сонце за да ја создадеме како иден зелен енергетски центар на Европа, кој исто така ќе ни обезбеди безбедна и евтина струја. Покрај кризата, секој месец се отвораат нови фабрики низ државата, правејќи ја Македонија меѓу трите најатрактивни економии во светот за странки инвестиции. Правиме работи кои за прв пат после 30 години се прават, во енергетиката, во инфраструктурата“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВААТ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ И ГРМЕЖИ: Метеоцентар со детална прогноза која открива кога да очекуваме стабилизација и сончево време

ДЕСК

Нов ужас во Македонија: Ја грабнал од дворот и со ауди ја однел во напуштен објект каде ја тепал, па ја силувал додека била во бесознание

ДЕСК

Што значи дожд на Митровден: Каква година најавува овој ден?

ДЕСК

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.