15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Министерската конференција за одржливо управување со миграции во Западен Балкан

На 15-16 ноември ,(вторник и среда) во рамки на Министерската конференција за одржливо управување со миграции во Западен Балкан што во организација на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) ќе се одржи во хотелот Лимак во Скопје, министерот Оливер Спасовски ќе оствари повеќе билатерални средби со колегите министри од регионот.

Утре, вторник од 16.00 до 16.40 во Министерството за внатрешни работи ќе се одржи билатерална средба на министерот Оливер Спасовски со неговиот босански колега г. Селмо Цикотиќ, министер за безбедност на Босна и Херцеговина.(само инсерти без изјави за медиуми)

Во среда на 16.11.2022 година во периодот од 10.30 – 11.10часот во Министерството за внатрешни работи ќе се одржи билатерална средба на министерот Оливер Спасовски со г. Вит Ракушан, Прв заменик премиер и Министер за внатрешни работи на Чешка Република.(само инсерти без изјави за медиуми)

Во среда, 16.11.2022 година во 13 часот во хотел Лимак во делот на Министерскиот сегмент на Конференцијата на ИОМ се планирани инсерти за медиумите како и изјави од страна на министерот Оливер Спасовски, министерот на Чешката Република – Вит Ракушан и Генералниот Директор на ИОМ, Антонио Виторино.

Во среда, 16.11.2022 година во Министерството за внатрешни работи во периодот од 15.00 – 15.40 ќе се одржи билатерална средба на министерот Оливер Спасовски со министерот за внатрешни работи на Црна Гора,Филип Аџиќ (само инсерти изјави не се планирани).

Спонзорирано: