20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Студентите мора да бидат слушнати, ние сме тука да ги чуеме и да работиме за нив

Студентите се наши деца и дека тие имаат право да го кажат својот глас, да бидат слушнати , да бидат вклучени во носењето на политиките кои што нив ги засегаат, а ние сме тука да ги чуеме и да работиме за нив, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашната трибина во Гостивар, „Силно и одлучно кон иднината“.

– Тешките одлуки ги донесовме заради идните генерации на оваа држава. А идните генерации на оваа држава се токму студентите кои сега се на факултетите, додаде Ковачевски.

30 години во оваа држава студентите немаше кој да ги седне на маса. 30 години студентите сите сметавме дека се само деца кои што треба да одат во школо, меѓутоа и да не учествуваат во политички процеси. На моја иницијатива вчера јас отидов во Собранието и седнав со сите лидери на студентските движења и најдовме заедничко решение преку дијалог, рече Ковачевски.

Предолго ние во општеството зборуваме само за стапки на раст, за приходи, за профити, а најмалку зборуваме за студентите. Затоа во работната група која ќе работи на изготвување на решението кое ќе биде системско и за кое има рок, Министерството за образование и наука да го направат до март ќе учествуваат и студентите. Исто, ќе бидат вклучени и во креирањето на законско решение. Затоа што тие треба да се вклучени во сите процеси кои се однесуваат на нив, затоа што тие одлуки на крајот на денот, ја креираат нивната иднина, додаде претседателот Ковачевски.

-Ние сме одговорна партија, одговорна Влада, одговорно го менаџираме буџетот. Со тој одговорен пристап и со конструктивен приод, ние вчера успеавме да дојдеме до решение и за студентите во однос на нивните барања за студентскиот оброк. Истиот ќе продолжи да се користи по старите критериуми и да не заборавиме дека студентскиот оброк за прв пат беше воведен од страна на Владата предводена од СДСМ, на предлог на СДММ пред само 2 години, додаде Ковачевски.

Овој пристап е суштината на социјалдемократијата, ова е таа одговорност, тој одговорен пристап со кој ние ја водиме оваа влада и работиме на тоа да ја подобриме она што ни се случува денес, но и да влијаеме на нашата иднина, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во Гостивар.

Спонзорирано: