Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

Ковачевски: Следната година ќе биде подобра, со целото мое економско знаење ќе го осигурам тоа

Само 10 месеци ја извршувам оваа одговорна работата, и сакам и верувам дека следната година ќе биде подобра за сите нас. Ја носам сета моја економска, финансиска, менаџерска и претприемачка експертиза за да осигурам тоа да се оствари, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на вечерашната трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Гостивар.

-Покажав и како може да се зголеми минималната плата на 18.000 денари. Како може да растат платите и во образованието за 15%, во здравството во одбраната и полицијата за 5%, во детската и социјална заштита за 21%. Дека е можно во време на криза да имаме рекорден раст на пензиите 16% отсто за една година, раст на гарантираната минимална помош и стипендиите за студентите. Покажавме како може да се исплатат сите заостанати субвенции за земјоделците и да се воведат нови мерки за поддршка. Покажавме дека можеме да ја спасиме македонската економија и да ја направиме уште поконкурентна за нови инвестиции, за отворање на нови и добро платени работни места. Покажавме дека со вистински политики може да го придвижиме целиот регион, да ја подобриме соработката со нашите соседи во интерес на сите граѓани, рече Ковачевски.

Ковачевски додаде дека работата се уште не е завршена но дека има сила, одлучност, волја и енергија за повеќе промени и подобро утре.

Дали нашата работа е завршена? Не, не е. Дали сите луѓе во Македонија живеат добро? Не се уште. Но, имаме ли сила, одлучност, волја, енергија, решение да продолжиме да одиме напред со повеќе промени? Одговорот е да, и да, и да, и да!, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
ПАДНА ОДЛУКА: Ново значително поевтинување на бензинот и дизелот, ова се новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,48 % во… Прочитај повеќе

Денеска РКЕ ќе стокми нова цена на горивата

Денеска Регулаторната Комисија за Енергетика стандардно како и секој понеделник треба да донесе одлука за утврдување на нови цени на горивата, кои ќе важат од вторник. Во моментов бензините се… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе