13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Новите тарифи за струјата и проблемот со користењето на едно броило за сите станови ги оставија кулите на Џевахир без струја за греење

Новите тарифи за струјата ги оставија кулите на Џевахир без струја за греење, пишува 24инфо.

Во одредени медиуми се појавија информации дека во кулите во Џевахир била исклучена електричната енергија по што не работеле лифтовите.

Според сведочења на станати, вистина е дека постои долг кон ЕВН и дека е исклучено заедничкото броило за греење и ладење, кои доаѓаат на една сметка а потоа управителот на зградата преку посебен софтвер ја дели и ја наплаќа од станарите, пишува 24инфо.

Дел од станарите побарале таквото заедничко броило да се подели на повеќе броила на секој кат, но како што велат тие, не нашле разбирање од ЕВН.

Како втора причина за проблемот која ка наведуваат станарите е и новиот модел на тарифирање на сметките за струја што таквото броило автоматски го става во најскапата четврта категорија.

Па така ако едно домаќинство за греење и ладење плаќало по 6.000 денари, сега по новиот модел плаќаат и по 15.500 денари или 145% повеќе.

Тоа како што велат станарите е причина некои семејства да не плаќаат сметки и управителот има проблем да ги наплати долговите и со тоа да и плати на ЕВН.

За овој проблем станарите барале средби со Регулаторната комисија и со ЕВН но не успеале да остварат средба, пишува 24инфо.мк.

Спонзорирано: