Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Ковачевски од Гостивар: Студентите се наши деца, ги вклучуваме во политичките процеси

„Студентите се наши деца и дека тие студенти имаат право да го кажат својот глас. Секако дека мора да бидат вклучени во носењето на политиките кои што нив ги засегаат, а кои што го засегаат и општеството“ рече премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Гостивар.

Тој додаде дека вчера беше дојдено до решение со студентите за нивните барања за студентскиот оброк, кој беше воведен од Владата предводена од СДСМ пред 2 години, ќе продолжи да се користи по старите критериуми.

„На моја иницијатива вчера јас отидов во Собранието и седнав со сите лидери на студентските движења. Таму имаше околу 20 млади студенти, студентки кои ги водат студентските организации. Со нив разговарав за сите детали во однос на справувањето со енергетската криза, за основните елементи на буџетот, за претпоставките кои ги имаат тие во однос на тоа како треба да изгледа новото законско решение за кои се договорија со Министерството за образование и наука и пратениците од владејачкото мнозинство, за едно системско решение“ рече Ковачевски.

Премиерот кажа дека студентите секогаш имаат право да ги кажат своите ставови и конструктивно да дискутираат, а Владата треба да биде тука за да ги чуе, да разговара со нив и да преземе мерки за подобрување на нивниот стандард, бидејќи тие се иднината на оваа држава.

„Овој пристап е суштината на социјалдемократијата, ова е таа одговорност, тој одговорен пристап со кој ние ја водиме оваа влада и работиме на тоа да ја подобриме она што ни се случува денес, но и да влијаеме на нашата иднина“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +