10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ковачевски од Гостивар: За една година во системот ќе се вклучат сончеви електрани до 300 мегавати

„Засилено инвестираме во енергетиката. Тука, во овој крај, во Западот на Македонија, започнува градба на 100 мегавати сончева електрана во Осломеј. Ќе се гради голема фотонапонска електрана Стипион од 400 мегавати, со развој на агрикултура од реноминараната француска компанија АКУО, како и изградба на голема ветерна електрана Вирови, од реномираната германска компанија WPD“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Гостивар.

Тој додаде дека потпишани се и договори за изградба на 130 мегавати фотонапонски електрани, а во следниот период во употреба ќе се стават и најголемите 25 мегавати од ветерници во Свети Николе.

„До крајот на 2023 очекуваме во системот да се вклучат помеѓу 200 и 300 мегавати сончеви електрани. Кончено по 30 години, и многу неуспешни обиди, конечно ќе започне реализацијата на проектот ХЕЦ Чебрен, стратешки децениски проект со проценета инвестиција од 800 милиони евра. Енергетската транзиција кон производство на чиста, зелена енергија од македонското сонце, од ветерот и од обновливи извори е најдобриот правец по кој треба да продолжиме“ рече Ковачевски.

Премиерот потенцираше дека Владата за време на енергетската криза упорно и макотрпно работеше и се уште работи на мерки што значат поддршка за домаќинствата и компаниите.

„Електричната енергија за сите домаќинства и за 72.000 мали потрошувачи ја субвенционираме со дури 80% од реалната цена и тоа е струја обезбедена од домашно производство. 365 основни и 109 средни училишта и здравствените установи добиваат поевтина струја, за да имаме непречено одвивање на наставниот процес и непречено добивање здравствени услуги. Со последната мерка на Владата, обезбедиме поевтина струја за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи“ рече Ковачевски.

Спонзорирано: