22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Убава вест: Значително намалување на цените на нафтата и бензинот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47% во однос на одлуката од 7.11.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,137%, кај дизелот за 3,126%, кај екстра лесното за 2,802% и кај мазутот намалувањето е за 1,142%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,766%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,806 ден/кг и сега ќе изнесува 49,189 ден/кг.

Од 15.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 93,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 96,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 96,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 91,00 (денари/литар), Мазут М-1 НС 49,189 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 15.11.2022 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат
цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.