8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Полициски акции на сообраќајците низ Македонија – напишани стотици казни на луѓе кои ги кршеле сообраќајните правила

Во текот на вчерашниот ден (13.11.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 648 возачи. Од нив 48 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 11 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 316 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 332 надвор од населено место.

На 13.11.2022 во периодот од 09.00 до 16.00 часот на тетовско-гостиварското подрачје, Полициски службеници на СВР Тетово спроведoа зајакната контрола за брзина со која се движат возилата, a во која вкупно биле изречени 207 мерки (ТЕ-145 и ГВ-65). Сто од мерките се однесувале на пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-50 и ГВ-50). Седум возачи ја пречекориле дозволената брзина за над 70 километри на час (ТЕ-2 и ГВ-5). Покрај ова, откриени и санкционирани се и 107 пречекорувања на брзината (ТЕ-92 и ГВ-15) во населено место, од кои 3 (ТЕ) за повеќе од 50 километри на час. На возачите-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. При контролата, исто така, биле санкционирани и 17 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-14 и ГВ-3).

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 142 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволеното 63 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

На 13.11.2022 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 43 прекршоци, од кои 23 во населено место и 20 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 13 други видови на прекршоци, од кои 4 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 4 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за непрописно престигнување, 1 за некористење сигурносен појас и 2 за непрописно паркирање.