19. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

СДСМ со трибина во Гевгелија

Трибина со лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на Општинската организација на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов.

Петок 11 ноември со почеток во 20 часот во Народниот театар во Гевгелија.

– Почитувани социјалдемократи, почитувани граѓани на Општина Гевгелија, Чест и задоволство ми е да ја најавам граѓанската трибина на СДСМ „Силно и одлучно кон иднината“ и гостувањето на премиерот на Република Северна Македонија и претседател на СДСМ, господинот Димитар Ковачевски, во Гевгелија. По тој повод, во мое име, како претседател на Општинската организација во Гевгелија, и од името на централното раководство, Ве поканувам да присуствувате и земете учество на трибината, која ќе се одржи во петок, на единаесетти ноември, во Народниот театар-Гевгелија, со почеток во дваесет часот. Ве поканувам да бидеме дел меѓу луѓето кои секојдневно придонесуваат за напредокот во државата и ја гарантираат европската иднина на своите граѓани, изјави претседателот на СДСМ во Гевгелија, Миле Атанасов.

Можеби ќе ве интересира

Ацевски го претстави тимот што ќе се бори за хуман развој на општина Ѓорче Петров

C +

СДСМ: Тошковски да поднесе оставка, партизираното МВР не ги штити животите на луѓето

C +

Два активни пожари во Гази Баба и Гевгелија, под контрола пожарот во „Дрисла“

C +