Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Премиерот Ковачевски во посета на Општините Валандово и Гевгелија

Премиерот Ковачевски во посета на Општините Валандово и Гевгелија.

Агендата започнува во 12:30 часот со отворање на нова детска градинка „Детелинка“, каде што покрај премиерот Ковачевски ќе се обрати и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. После официјалните обраќања и разгледувањето на градинката, предвидени се новинарски прашања.

Потоа премиерот Ковачевски ќе ја посети млекарата „Вардарец” во Јосифово, Валандово.

Посетата на премиерот Ковачевски продолжува во Гевгелија, каде заедно со заменик генералниот директор на ТАВ Неџат Курт ќе го посети Домот за култура во Прдејци.

Според агендата, премиерот Ковачевски и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, ќе го посетат производствениот погон на фабриката Конти Хидропласт.

Агендата во Гевгелија ќе се заокружи со посета на социјалната зграда, каде покрај премиерот Ковачевски ќе присуствуваат и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА: Утре дожд и силен ветер, а од петок нова промена на времето – детална четиридневна прогноза

ДЕСК

СЕ ВРАЌА ПОСТУДЕНОТО ВРЕМЕ – Утре ветер над 60 километри на час, можен снег на повисоките планини

ДЕСК

Отворени Деновите на медиумска писменост 2026

ДЕСК