Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈА

Температурите ќе се спуштат под нулата, доаѓа студ, дожд и снег – Метеоцентар со детална прогноза за претстојниот викенд

Синоптичарите излегоа со метео-предупредување за утре поради спуштање на постудена воздушна маса од север, бидејќи времето ќе биде променливо облачно со умерен, а вдолж Повардарието се најавува засилен северен ветер (над 60 км/час).

Попладне, во текот на ноќта и во сабота ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.

Дневната температура во сабота ќе опадне за неколку степени.

Прогноза за 12.11.2022
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 8°C до 16°C

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, а на планините повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Прогноза за 13.11.2022
Минимална температура: -1°C до 7°C
Максимална температура: 10°C до 17°C

Сончево со мала до умерена облачност, претпладне со услови за појава на магла по котлините.

Прогноза за 14.11.2022
Минимална температура: -2°C до 6°C
Максимална температура: 11°C до 18°C

Сончево со мала до умерена облачност, претпладне со услови за појава на магла по котлините.

Доколку Ви се допаѓаат вакви соддржини и сакате редовно да ви излегуваат на вашите социјални мрежи заследете нѐ на нашта Facebook фан страница со клик тука и потоа Like или Follow.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +