Британската влада објави нови мерки за обесштетување на поранешните управители на поштенски единици погодени од аферите со софтверските системи Horizon и Capture. Новите правила предвидуваат дополнителни можности за независна проверка и преиспитување на финансиските барања.
Според Владата, досега се исплатени над 1,7 милијарди фунти обесштетување на повеќе од 14.000 лица погодени од аферата Horizon. Од вкупно примeните барања, 87 проценти се веќе завршени.
За преостанатите програми се определуваат рокови за пријавување, а британските институции најавуваат и независна истрага за софтверските системи што се користеле пред Horizon.


