Centar.mk
СВЕТ

ФРАНЦИЈА И КАТАР СО ЗАЕДНИЧКИ ПОВИК ЗА ОТВОРАЊЕ НА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ – Во фокусот и примирјето во Газа

Франција и Катар побараа повторно воспоставување слободна пловидба низ Ормускиот Теснец, без ограничувања и дополнителни давачки. Пораките се содржани во заедничко соопштение по средбата меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и катарскиот емир шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани во Доха.

Двете држави ја нагласија потребата од спроведување на договорените мерки за примирје во Газа и непречено доставување хуманитарна помош. Во документот се наведува и противење на евентуално припојување територии на Западниот Брег.

Франција и Катар разговарале и за безбедноста во Либан, стабилизацијата на Сирија и проширувањето на билатералната економска и одбранбена соработка.