Centar.mk
БИЗНИСвест

Лукаревска: Буџетот за 2023 година е реален и остварлив

„Буџетот за идната година е направен во координација со сите министерства и инститиции и тој е реален и остварлив. Таму е обрнато внимание на се што треба да содржи буџетот – инвестиции, инфраструктура, но и помош на компани, ранливи категории на граѓани итн.“ изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „Студио 10“ на ТВ24.

Таа додаде дека УЈП има обврска со 74 отсто да го наполни буџетот за следната година, што е најмногу откако таа е на оваа позиција, но кажа дека тие како даночна управа можат да го сторат тоа според нивниот план и анализи.

„Имаме раст на собраните приходи по сите основи споредено со минатата година, но и споредено со планот на УЈП“ кажа Лукаревска.

Директорката на УЈП рече дека даночната управа ќе продолжи да работи со компаниите со цел да им излезе во пресрет во кризата, но исто така повика од нив да бидат солидарни со остатокот од општеството.

Можеби ќе ве интересира

Гувернерот Славески: Стабилен банкарски систем и претпазлива монетарна политика во услови на светска неизвесност

ДЕСК

Со енергетска ефикасност до помали трошоци: Државата влегува во инвестиции од најмалку 50 милиони евра за реконструкција на јавните згради

ДЕСК

СРЕЌНА ВЕСТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Оваа наша банка предвреме ги исплати пензиите – овој пат тие се покачени за 1.000 денари согласно владината одлука

ДЕСК