Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Ковачевски од Кавадарци: Само со последниот пакет мерки поддржуваме 200 илјади граѓани, тоа е докажана и видлива грижа

„За овие 10 месеци откако ја предводам владата одвоивме над 760 милиони евра за два пакета мерки за помош на граѓаните и компаниите. Во споредба со земјите од регионот имаме најголем пакет на антикризни мерки, 5 отсто од БДП. Ова го потврди и Светска банка. Тоа значи дека 200.000 граѓани поддржуваме само со последниот пакет антикризни мерки“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски од граѓанската трибина во Кавадарци.

Тој додаде дека Владата уште од самиот старт покажа дека е посветена кон подобрување на животниот стандард на граѓаните и во првите сто дена од мандатот ја зголеми минималната плата на 18 илјади денари.

„Пензиите за 6 месеци ги зголемивме за 10 отсто, со новата методологија што значи во март 2023 година ќе има ново покачување. Во календарска година пензиите да се зголемат пензиите за 16% досега се нема случено“ рече Ковачевски.

Премиерот доадде дека Владата продолжува да ја субвенционира струјата за околу 600 илјади домаќинства и 72 илјади компании.

„Претходно, во време на пандемијата, без заменик министер за финансии и горд сум што учесвував во подготовката на неколку пакет мерки со кои обезбедивме помош и поддршка од 1,2 милијарди евра. Вкупно, тоа се две милијарди евра директна помош кон граѓаните и стопанството за 3 години“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК