Град Скопје информира дека во сабота и недела, на 19 и 20 септември 2026 година, во раните утрински часови ќе се спроведе авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на територијата на главниот град.
Акцијата ќе се реализира доколку временските услови го дозволуваат тоа.
Во случај на неповолно време, прскањето ќе биде одложено и ќе се изврши првиот нареден ден со соодветни временски услови, повторно во раните утрински часови.
Од Град Скопје упатуваат и апел до пчеларите навреме да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелите за време на спроведувањето на дезинсекцијата.


