Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски од Кавадарци: Ако сакаме модерна држава мора да се поврземе со Европа

„Ако сакаме Македонците да имаат иднина, ако сакаме нашата земја да стане модерна, ако сакаме нашите граѓани да не останат гладни или смрзнати, тогаш ние мора да се поврземе со Европа. Поврзувањето со Европа, во денешни услови не е само прашање на удобност, на европски вредности, на реформи, пред сѐ е прашање на преживување“ рече премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Кавадарци.

Како што кажа тој големината на СДСМ се државотворните одлуки за македонската татковина, политиките за својот народ и сите граѓани.

„Тоа сме ние, тоа не одредува нас и тоа е значењето на овие четири букви. 31 година СДСМ е на вистинската страна на историјата. Така било, така и ќе биде, СДСМ е тука за граѓаните, за државата, СДСМ е тука за сегашноста, но и за иднината“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека патот кон ЕУ нема да биде лесен и ги повика сите да се вклучат во остварување на оваа цел, но кажа дека големата награда е на крајот на тој пат.

„Нашиот народ да биде горд, со заштитено национално достоинство, со заштитен македонски идентитет, рамноправен со другите народи на ЕУ и побогат“

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК