Секој знак е карактеристичен за нешто, но овие три се дефинитивно најнеодлучни кога е во прашање влегувањето во брачните води!
Првото место му припаѓа на господинот Вага.
Мажот Вага е голем заводник и шармер. Има убави манири, хармоничен е и очекува жената на прво место да биде дама. Вагата не може да го замисли животот без својата (убава) половина, но тоа не значи дека лесно влегува во брачните води. Пред се, тој сака да заведува – и не само вас, тој ги обожава жените и тие него, но најважно е дека Вагите балансираат! Да чека Вагата да ги поклопи сите коцки, додека тој мери дека ја донел вистинската одлука, може да потрае долго време.
Следното место му припаѓа на Лав!
На прво место, најважно му е да најде жена која не се натпреварува со него. Важно да не биде убава, туку НАЈУБАВА. Да биде успешна во кариерата, да биде ситуирана. Дека е сигурна во себе и дека го сака повеќе од себе! Се додека Лавчето не ја пронајде совршената жена и не реши да и го подари своето лавовско срце, сигурно ќе помине мноооогу време. Но, кога тој ќе реши да живее со неа, тоа е кралска бајка. Каде што секако, тој е главен!
Последното место му припаѓа на Бик!
Бикот е цврст и храбар господин. Бикот е создаден за живот за двајца. Но, пред да реши да застане пред олтарот, мора да има свој недвижен имот – најидеална е куќа со плата, да има сериозни заштеди и да има сигурна работа, како и неговиот личен приватен бизнис. Верен е во љубовта, сака деца и има голема почит кон домот, семејството и сопругата.