Centar.mk
СВЕТ

Тројца загинати и многу повредени во најновите руски напади врз Украина

Најмалку три лица загинаа во ноќните руски напади врз Украина, соопштија денеска локалните власти.

Во напад со дрон врз станбена област во Запорожје загинаа една жена и еден маж, а најмалку уште едно лице е повредено во ударите на станбената област.

Во Одеса на Црното Море, најмалку 17 лица, меѓу кои и петмесечно бебе, се повредени, според локалната воена администрација. На фотографиите објавени од властите се гледа оштетена повеќекатна станбена зграда.

Во исто време, Олександр Ханжа, гувернер на Дњепропетровската област, изјави дека едно лице загинало во напад врз фабрика во југоисточниот украински град Криви Рог. Две други лица се повредени во инцидентот, рече тој.

Министерството за одбрана во Москва ги потврди нападите. Тоа соопшти дека цел биле компании од металната индустрија во Запорожје и Криви Рог, кои произведувале производи за воени потреби.

Во регионот на Одеса, целите вклучуваа пристанишна инфраструктура и клучен објект за транспортна инфраструктура што се користи за истовар и складирање на воена стока, соопшти Министерството. Информациите не можат независно да се потврдат, нагласува ДПА.

Русија води војна против Украина повеќе од четири и пол години./Извор:Makfax