3. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНАНАПРАВИ САМ

Богато јадење без месо: Направете посна манџа од компири

Иако компирот и месото се првата асоцијација за манџа, ние ви носиме рецепт кој е идеален за деновите на постот, бидејќи се користат шампињони.

Храната заситува, па затоа е благодарна, особено како оброк што ќе ве стопли.

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 500 гр шампињони
  • 2 главици кромид
  • 3 чешниња лук
  • 3 моркови
  • сол, бибер
  • пиперка
  • масло

Подготовка:

Во длабока тава загрејте го маслото, па додадете го ситно исечканиот кромид и лесно пропржете го додека не стане стаклен. Излупете го морковот и изрендајте го. Морковот исечкајте го на прстени, а компирот на коцки, па додадете го кромидот.

Истурете малку вода, па динстајте на тивок оган 10 минути. Додадете ги измиените и исечени шампињони.

Сето тоа заедно динстајте го уште 10 минути, па прелијте го со вода за зеленчукот да потоне во него.

Зачинете со сол и бибер, додадете ситно сечкан лук и мелен црвен пипер. Се динста додека компир-манџата не добие погуста текстура и количината на течноста не се преполови.

Можеби ќе ве интересира

Дали сте шокирани од цената на црвеното месо? Овие три намирници се добри замени за протеини

ДЕСК

Колку време навистина може да ги чуваме јајцата во фрижидер?

ДЕСК

Од кујната на Давор: Како да подготвите посен колач со новиот оризов напиток од Виталиа?

C +