Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сончево време со температура до 24 степени

Времето денес ќе биде сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 7, а максималната ќе достигне од 18 до 24 степени.

Во Скопје сончево и релативно топло, во делови од котлината со слаба утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 20 степена.

До среда утрата ќе бидат студени, наместа температурата ќе се спушта под нулата и по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот ќе се одржува сончево и релативно топло. В четврток ќе дува засилен северен ветер, особено по должина на Повардарието што ќе предизвика во следните два дена опаѓање на температурата за неколку степени.

Можеби ќе ве интересира

Пожар кај Струга: Запалена сува трева покрај пат – лице повикано на разговор

ДЕСК

Шок во Карпош: Девојка нападната од повеќе лица со тврд предмет – голема женска пресметка во главниот град

ДЕСК

Инцидент во Скопје: Малолетник ограбен од две лица

ДЕСК