8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАЛОКАЛНО

МЖСПП: И градот Охрид добива мониторинг станица за квалитет на воздухот

Екипaта на Министерството за животна средина и просторно планирње започна со поставување на новата автоматска мониторинг станица за следење на квалитетот на амбиентниот воздух во грaдот Охрид. Станицата се поставува на булевар „Туристичка“ во непосредна близина на спортскиот центар „Климент Колески“. Со ваквата поставеност на мониторинг станицата, загадувањето на амбиентниот воздух во Општина Охрид би се мониторирал од аспект на загадувањето од согорување на горива за затоплување на резиденцијални и административни установи, особено поради доминантниот правец на ветерот од северната страна на Охрид, со вклучен удел од сообраќајот, поради близината на Булеварот Туристичка.

Мониторинг станицата ќе биде дел од државната мрежа за мониторинг на квалитетот на амбиентен воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање што во моментот брои 21 мерна станица и една мобилна, секоја со по шест инструменти за следење на различни параметри.

Вредноста на мониторинг станицата е околу 100.000 евра, а средствата се обезбедени од буџетот на Министерството. Се очекува најдоцна до средина на ноември мерната станица да биде тестирана и комплетно функционална.

Надградувањето на Државниот мониторинг систем, негово проширување со нови мерни станици и мерни инструменти, како и пристап до информациите од мерењата преку веб страницата на МЖСПП е во согласност со главните стратешки определби и обезбедување континуиран пристап до информации за животната средина .

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Брутална партизација на образованието пред избори –Јанеска и ВМРО-ДПМНЕ го претворија Инспекторатот во партиски штаб

ДЕСК

Герасимовски: Се санира пешачката патека од хотел „Best Western“ до Министерството за финансии

ДЕСК

Внимавајте на оваа измама од која настрадаа многу ПЕНЗИОНЕРИ: Жена остана без 20.000 евра, а добила телефонски повик со лоши вести за нејзината ќерка – откако ги дала парите, сфатила дека била измамена

ДЕСК