15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Овие ТРИ трикови помагаат да бидете мотивирани и да не се откажувате од вежбањето

Едноставно, лесно применливо и ефективно.

Колку пати сте си ветиле дека ќе почнете да вежбате на први во месецот, првиот нареден понеделник или некој важен датум во животот, а потоа ќе се откажете по два-три тренинзи?

Веруваме дека за повеќето од вас одговорот е: „Многу“.

Наесен, кога сезоната на годишни одмори е зад нас и има уште време до новогодишните празници, има се повеќе луѓе кои се откажуваат од вежбањето, бидејќи немаат доволно силна мотивација за тренирање.

Ако спаѓате во таа категорија, прочитајте ги советите кои ќе ви помогнат да останете верни на вежбањето без разлика на се.

1. Поставете реални очекувања

Повеќето од оние на кои вежбањето не им е дел од секојдневието, почнуваат да вежбаат за да постигнат цел. Бројот на оние кои го прават тоа заради здравје е помал од оние кои сакаат да го трансформираат своето тело и да изгубат вишок килограми.

– Кога поставуваме нереални цели, полесно ни е да ја изгубиме мотивацијата да одиме на тренинг – вели Александра Рапајиќ, бодибилдер и фитнес инструктор.

– Ако планирате дека треба да изгубите 10 килограми за еден месец, ќе останете без мотивација штом ќе стапнете на вагата по два-три тренинзи.

Наместо нереални очекувања, поставете си мали одржливи цели, советува нашиот соговорник.

– Не одете во теретана секој ден, доволно ќе биде да вежбате три пати неделно. Не очекувајте да изгубите килограми за кратко време, а повеќе внимавајте на обемот на половината, надлактиците, колковите и бутовите. Забележете кога вашата гардероба ќе стане поудобна и честитајте си за тоа. Потсетете се колку подобро се чувствувате кога го завршивте тренингот и колку вежбањето позитивно влијае на вашето целокупно здравје – советува Александра.

2. Бидете активни надвор од теретана

Да се туркаме силно во теретана и да докажеме дека можеме подобро, побрзо и повеќе од другите, всушност е лоша услуга за нас самите; ако се однесуваме така, постојат сите шанси да почнеме побрзо да ја прескокнуваме теретаната.

– Вежбањето не значи само одење во теретана, достапно е и дома, во двор, и во парк. Правете вежби за истегнување или тренирајте ги мускулите на стомакот и нозете додека гледате филм, прошетајте низ соседството, трчајте… Важно е физичката активност да стане дел од вашето секојдневие, без оглед на одењето во теретана – советува соговорникот.

3. Правилото од 10 минути

По еден ден на работа, повеќето од нас се чувствуваат тромно и летаргично, па одењето во теретана е последното нешто што сакаме да го вклучиме во нашиот распоред. Лежењето на кревет или топла бања звучи многу попримамливо.

– Секој од нас има добри и лоши денови. Кога ќе се појават лошите и немате желба да одите во теретана, ветете си дека барем 10 минути ќе посветите на физичката активност дома. Вклучете ја стоперката и направете неколку рунди од 15 склекови, 15 чучњеви и 15 замавнувања. Некој ќе може да направи само две или три повторувања, а некој ќе направи двојно повеќе. После овој мини-тренинг ќе почувствувате наплив на енергија, но и задоволство што денот не ви помина без ниту една вежба – вели Александра.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ – Едноставни трикови за здрава и свилена кожа

M T

Звучи комплицирано, но всушност е многу едноставно: Неколку трикови со кои можете да се ослободите од ждригавица

M T

На сите ни недостасува мотивација: Со овие 5 чекори ќе ви се допадне вежбањето

M T

Многумина во теретана имаат слушалки: Дали музиката за време на тренингот ни помага подобро да вежбаме?

M T

Брзи резултати со овие 6 трикови: Како да станете фит без гладување и вежбање

M T

Евтино и навистина делува: Со овие трикови ќе ги избелите забите со овошје

M T