Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата, најави директни средби со граѓаните низ државата во рамки на кампањата „Очи в очи за подобро“.
Од град во град и од населено место до населено место, целта е непосредно да се слушнат проблемите, предлозите, критиките и очекувањата на граѓаните, без посредници и формална комуникација.
Преку посетите на општинските и месните комитети, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и партиското раководство ќе имаат можност одблизу да се запознаат со потребите на луѓето во нивните средини. Кампањата Мицковски не ја ограничува само на главниот град и поголемите урбани центри, туку предвидува присуство низ целата држава.
Посебен акцент Мицкоски става на отворениот разговор со граѓаните особено за критиките и проблемите со кои тие треба да се надминат. Целта на партиското раководство не е да се слушаат само позитивни мислења, туку да се отвори простор за различни ставови и конструктивни предлози.
Во разговорите ќе се инсистира на конкретни податоци и проверливи резултати, за завршените проекти, датум и доказ за реализација, за проектите во тек, фазата на реализација, цената и роковите, како и за проблемите, утврдување на надлежностите и потребните чекори за нивно решавање.
Кампањата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ја најави како континуиран процес, со интензивни посети за време на викендите до крајот на годината. Пораката на истата е дека довербата се гради преку присуство на терен, отворен разговор и одговорност пред граѓаните.
фото фан страница на Христијан Мицкоски


