Centar.mk
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

МЗШВ: Финасиска поддршка до 29 апликанти за набавка на опрема за производство на тутун

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека вкупно 29 апликанти ќе ја искористат мерката за финансиска поддршка во набавка на опрема за производство на тутун.

Поддршката кон земјоделците доаѓа преку Програмата за рурален развој мерка 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерката 121.7 набавка на опрема за производство на тутун. За оваа мерка во текот на месец април од страна на Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој беше распишан јавен повик, кој траеше до 20 мај 2022 година.

Како корисници на оваа мерка се јавуваат земјоделските стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно законот за земјоделство и рурален развој.

Средствата од оваа мерка се наменети за инвестиции во набавка на опрема за производство на тутун, а максималниот износ на финасиската поддршка по корисник изнесува 4.500.000 денари.

Преку Програмата за рурален развој даваме поддршка на земјоделците во набавка на опрема и модернизација на земјоделството. Покрај овој јавен повик преку оваа програма обезбедивме поддршка за земјдоелците во набавка на трактори, мандри, специјализирани комјабни за ориз и сушари, како и поддршка за изградба на силоси каде веќе склучивме 24 договори.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +