Centar.mk
БИЗНИСМАКЕДОНИЈА

Бочварски: Инвестиравме 23 милиони евра за реконструкција на локални улици во општините

Инвестирани се 23 милиони евра за изградба и реконструкција на 93 локални улици во 44 општини и Град Скопје во рамки на Проектот за поврзување со локални патишта во општините што се реализира преку Министерството за транспорт и врски, со поддршка на Светска Банка.

Ова го потенцираше министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, на денешната Конференција на која се презентираа досегашните резултати од реализација на овој Проект, на која присуствуваа Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Проектот е со вкупна вредност од 70 милиони евра, средствата се распределени на 80 општини и Градот Скопје за реализација на проекти во локалната патна мрежа преку кои се очекува да се рехабилитираат вкупно 450 километри локални улици.

„Сите се согласуваме со оправданоста и целта на овој Проект. Рехабилитацијата на локалната патна мрежа верувам дека ќе се сложите, е прв и основен приоритет за граѓаните, за економијата, но и за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Токму преку овој Проект ги нудиме и ги обезбедуваме сите овие приоритети. Особено сега во време на најголемата светска криза, кога има лимитирачки фактори во градежништвото, го зголемуваме капацитетот на општините и вбризгуваме повеќе финансиски средства во економијата“, истакна Бочварски.

Потенцираше дека во општините каде веќе се реализира овој Проект резултатите се видливи преку нови, реконструирани и безбедни улици кои придонесуваат за поквалитетен живот на граѓаните и развој на општините.

На Конференцијата беше потенцирано дека до крајот на годината ќе се објават уште неколку јавни повици каде ќе бидат опфатени вкупно 160 километри локална патна мрежа во општините.

Можеби ќе ве интересира

Пенков: Резултатите се и видливи и Македонија може да се премине на следната фаза, а тоа е постигнување раст на БДП повисок од 4% и постепено да се зголемува

ДЕСК

Ковачевски: Намалени инвестиции во болници, училишта и земјоделство, новиот буџет не носи подобар животен стандард

ДЕСК

Бојковска: Во октомври 2026 година годишната инфлација во Македонија изнесува 3,3% и тоа во услови на сериозни геополитички и енергетски предизвици, а во 2022 за време на СДС достигна 19,8%

ДЕСК