Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против лице од Скопје за загрозување на животната средина и природата со отпад

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Д.С.(43) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад”.

На 15.02.2022, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и од Државниот инспекторат за животна средина извршиле контрола на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини во дворно место на ул.„Брсјачка буна” во Шуто Оризари-Скопје.

При контролата тие го затекнале пријавениот како неовластено тргува со отпад без регистрирано правно лице и без да поседува Дозвола за вршење на дејност – Складирање и третман на отпад, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Можеби ќе ве интересира

Познат идентитетот на дел од загинатите – МВР со детали за трагедијата

ДЕСК

Средба на Сиљановска-Давкова со командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Џорџ М. Викоф

ДЕСК

Летото се ближи: Каде во Македонија може да се помине убав викенд без многу пари

ДЕСК