13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕИЗБОР

Поразително откритие: Ракот е почест кај сиромашните

Според најновата студија спроведена во Велика Британија, 61 отсто од случаите на рак годишно би можеле да се спречат доколку луѓето се откажат од пушењето.

Познато е дека пушењето предизвикува најмалку 15 видови на рак, вклучувајќи рак на белите дробови, хранопроводникот, усната шуплина, фаринксот, мочниот меур, панкреасот, бубрезите, црниот дроб, желудникот, цревата, грлото на матката, леукемија, рак на јајниците…

Експерти од Велика Британија и Франција открија дека ракот генерално е 17 отсто почест кај луѓето со поранлива материјална состојба отколку кај богатите.

Студијата, која беше објавена во списанието „Плос оне“, исто така откри неверојатни 21 процент од карциноми кај луѓе со послаба финансиска состојба предизвикани од пушењето.

Затоа, експертите апелираат за повеќе мерки кои би помогнале да се намали стапката на пушење, особено во посиромашните заедници.

Доколку се прекине со пушењето, истражувачите од Велика Британија веруваат дека дури 61 отсто од карциномите поврзани со пушењето би можеле да се спречат.

Според податоците од 2020 година, во светот се регистрирани 2,21 милиони нови случаи, а 1,8 милиони луѓе ја загубиле битката со ракот на белите дробови.

Само пушачите добиваат рак на белите дробови?
Не постои научен доказ дека тоа е точно, бидејќи ракот на белите дробови се дијагностицира и кај непушачи. Д-р Фред Р. Хирш од Њујорк вели дека овој став не е точен и е многу штетен мит, кој може да доведе до стигматизирање на некои луѓе.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести забележува дека 10 до 20 отсто од луѓето со рак на белите дробови никогаш не пушеле или консумирале помалку од 100 цигари во текот на нивниот живот. Експертите наведуваат дека секоја година се евидентираат голем број на рак на белите дробови, кои се поврзани со пасивното пушење и изложеноста на радон.

Д-р Хирш посочува дека не е точно дека ракот на белите дробови не може да се спречи, вели дека постојат неколку начини на кои можеме да го спречиме ризикот од рак на белите дробови, „прв и најосновно е превенцијата и откажувањето од пушење“. Овој експерт предупредува и на пасивното пушење.

– Непушачите кои се изложени на пасивно пушење на работа или дома се за 20 до 30 проценти повеќе изложени на ризик да добијат рак на белите дробови – наведува тој.

Спонзорирано: